четврток, 1. октомври 2020. Вести денес: 54
home Фудбал

Официјална изјава на Меси- познато е чиј дрес ќе го носи во следната сезона

Официјална изјава на Меси- познато е чиј дрес ќе го носи во следната сезона

Сагата околу иднината на Лионел Меси е завршена. Аргентинецот потврди дека останува во Барселона и сезонава и покрај големите несогласувања кои ги има со раководството на клубот на чело со претседателот Бартомеу. Очигледно ниту еден тим во светот не е подготвен за Каталонците да им исплати 700 милиони евра за услугите на Меси, па затоа тој и следната сезона ќе го носи дресот на Барселона.

„Не сум среќен и сакам да заминам. Не ми е дозволено да заминам и затоа ќе останам во клубот за да не влезам во правен спор. Раководството на клубот предводено од Бартомеу го носи тимот во пропаст. Вистината е дека во овој клуб нема проект. Тие само ги пополнуваат дупките прекасно. Никогаш не би одел во војна против клубот на мојот живот. Затоа останувам. Кога им ја соопштив желбата да заминам на сопругата и децата, тоа беше вистинска драма. Целото семејство почна да плаче, моите деца не сакаа да ја напуштат Барселона“, изјави Меси.

Тој додава дека од клубот имал џентлменски договор дека може да замине која година и да одлучи.

„Мислев и бев сигурен дека сум слободен да заминам, претседателот секогаш велеше дека на крајот на сезоната може да одлучам дали ќе останам или не. Сега тие се држат до фактот дека не сум го кажал тоа пред 10 јуни “, додава Меси.

Што ќе се случи на крајот на следната сезона кога Меси ќе биде слободен фудбалер ќе остане непознаница, бидејќи во март следната година има избори во Барселона, а Бартомеу најверојатно ќе биде заменет. Поради тоа доколку дојде раководство кое има слични погледи како Аргентинецот можно е тој да потпише нов договор и до крајот на кариерата да остане верен на Барса.

Коронавирус