недела, 17. октомври 2021. Вести денес: 247
home Фудбал

Одредени осминафиналните двојки во фудбалскиот Куп

Одредени осминафиналните двојки во фудбалскиот Куп

Бранителот на трофејот Силекс ќе игра против струмичка Беласица во осминафиналето во Македонскиот фудбалски куп, додека во локалното дерби, Вардар ќе го пречека тимот на Скопје, а Шкендија ќе игра против соседот Ренова, одлучено е денеска со жрепка.

Осминафинални двојки:

Струга ТЛ – Борец, Академија Пандев – Македонија ЃП, Шкендија – Ренова, Вардар – Скопје, Брегалница – Охрид, Беласица – Силекс, Пелистер – Работнички, Шкупи – Тиквеш.

Според пропозициите, еден натпревар одлучува за место на екипите во четвртфиналето. Осминафиналните натпревари се на програмата на 20. октомври со почеток во 14 часот.

Локални избори 2021