петок, 18. септември 2020. Вести денес: 90
home Фудбал

Одличен гест на Силва: ПСЖ го освои купот, трофејот го крена капитенот на малиот третолигаш (ФОТО+ВИДЕО)

Комплетниот буџет на Лес Хербиерс за оваа сезона е два милиони евра, што делува како вистинска ситница во споредба што она што го има клубот од Париз, ПСЖ годишно на располагање има 540 милиони евра, а вчера во финалето славеше 2:0 против малиот третолигаш.
Одличен гест на Силва: ПСЖ го освои купот, трофејот го крена капитенот на малиот третолигаш (ФОТО+ВИДЕО)

ПСЖ победи со 2:0 во финалето на францускиот куп против третолигашот Лес Хербиерс со головите на Ло Селсо и Кавани. За малиот клуб од западна Франција ова беше историски успех, нивните навивачи купија 15 илјади карти за финалето.

При прогласувањето на победникот најголем од сите се покажа капитенот на ПСЖ, Тијаго Силва, кој заедно со Себастијан Флошон, капитенот на третолигашот го крена трофејот.

Врвен пример за фер плеј и респект…

Комплетниот буџет на Лес Хербиерс за оваа сезона е два милиони евра, што делува како вистинска ситница во споредба што она што го има клубот од Париз, ПСЖ годишно на располагање има 540 милиони евра.

Погледнете ги головите и најинтересните моменти од финалето:

Коронавирус