недела, 17. февруари 2019. Вести денес: 9
home Фудбал

Од 2020 година ФИФА може да наметне ограничувања за изнајмување играчи

Од 2020 година ФИФА може да наметне ограничувања за изнајмување играчи

Светската фудбалска асоцијација планира да наметне ограничувања за изнајмување на играчи, објави „Тајмс”.

Според британскиот весник нацрт-законот предвидува дека секој клуб ќе биде во можност да спроведе операции за изнајмување за шест до осум играчи – не повеќе. Новината ќе се воведе од сезоната 2020/21.

Со лимитот за позајмени фудбалери ФИФА очекува да се зголеми транспарентноста на пазарот.

ФИФА, исто така, има намера да забрани давање повеќе од двајца играчи за изнајмување на еден клуб. Овие промени можат да создадат проблеми за голем број клубови. На пример, само Челзи има 39 играчи со договори и многу од нив се позајмени на други клубови.

МИА