петок, 23. јули 2021. Вести денес: 180
home Фудбал

Обложувалниците ја потценија Македонија, ја прогласија за најголем аутсајдер на Европското првенство

Обложувалниците ја потценија Македонија, ја прогласија за најголем аутсајдер на Европското првенство

Како еден од двата дебитанта на претстојното Европско првенство, заедно со Финска, јасно е дека на Македонија не ѝ се даваат големи шанси на претстојниот континентален шампионат, но поради резултатите последните години, секако не заслуживме да бидеме убедливо најголем аутсајдер.

Обложувалниците ги истакнаа квотите за освојувачот на титулата, а коефициентот на Македонија изнесува 500, како единствена репрезентација со таква квота. Најблиску до нас се Словачка, Унгарија и Финска со 325, а пред нив е Шкотска со 250, пренесе СпортКлуб.

Интересно е тоа што прв фаворит е Англија со квота 4, па Франција со 5 и Белгија со 6,5. Бранителот на титулата, Португалија е на седмото место со 10.

Коронавирус