среда, 27. октомври 2021. Вести денес: 175
home Фудбал

Објавени платите на селекторите: Лев добивал цело богатство од Германците, Ангеловски со најмала плата на ЕП (Фото)

Објавени платите на селекторите: Лев добивал цело богатство од Германците, Ангеловски со најмала плата на ЕП (Фото)

Игор Ангеловски ја водеше македонската фудбалска репрезентација на првото историско Европско првенство од нашето постоење како самостојна држава, турнир за кој македонскиот селектор доби дополнителен краткорочен договор од Фудбалската Федерација откако истиот му заврши на крајот на минатата година.

Популарниот Мрме доби шанса да го води тимот на турнирот за кој тој самиот се избори, па после пет и пол години во селекцијата, самиот порача дека е ставено крај на една ера и се збогуваше на прошталниот прес во Амстердам.

Ангеловски ја заврши својата селекторска мисија со трите натпервари на Европското првенство, на кое бил убедливо најслабо платен тренер од сите останати 23-ца колеги.

Чешкиот медиум „Испорт Блеск“ ја објави листата со сумите кои ги заработуваат тренерите на годишно ниво, а Мрме е на последното место со договор од 191 илјади евра.

Убедливо најплатен е Јоаким Лев со повеќе од 10 милиони евра заработка, сума која Германецот во иднина нема да ја добива со оглед на тоа што стави крај на 15-годишната етапа како селектор на „панцирите“. Втор на листата е Дидие Дешамп кој добива повеќе од 9 милиони евра од Француската Федерација, а во топ 5 се Герет Саутгејт, Франк Де Бур и Русинот Черчесов. Роберто Манчини и Луис Енрике се на делба на 8-то место со 4,25 милиони евра, пред нив е Португалецот Сантош, а друштво на Ангеловски во долниот дел од листата му прават чешкиот, финскиот и словачкиот селектор.

Локални избори 2021