петок, 17. септември 2021. Вести денес: 133
home Фудбал

Објавени нови снимки од Перез: Роналдо е болен идиот, Мурињо е ненормален

Објавени нови снимки од Перез: Роналдо е болен идиот, Мурињо е ненормален

Првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез дефинитивно ќе има тешки денови пред себе затоа што во јавноста излегоа нови снимки во кои зборува за луѓето со кои имал соработка во минатото.

Во новата „епизода“ на „Ел Конфиденсијал“ говори за Кристијано Роналдо и Жозе Мурињо.

– Роналдо е луд. Дечкото е идиот, болен човек. Мислите дека тој е нормален, но не е нормален, да е нормален не би ги правел сите тие работи што ги прави. Последната глупост која ја направи ја виде целиот свет. Зошто мислиш дека ја прави таа глупава работа? – вели Перез за Роналдо.

– Мурињо и Роналдо се луѓе со големо его. Двајцата се разгалени и не ја гледаат реалноста, затоа што ако е така ќе можат уште повеќе да заработуваат. Овие двајца не се нормални, зборуваме за многу пари на полето на имиџ правата. Со лицето што го имаат, со тој пркосен начин, сите ве мразат. Ако јавноста не ве сака, не ве сака, – вели Флорентино во друг дел кој се однесува на Жозе и Кристијано.

Со оглед на тоа што претходно негативно говореше и за Раул Гонзалес и Икер Касилјас тогаш повеќе од јасно е дека Перез немал воопшто добро мислење за луѓето кои му донесоа многу успеси на клубот.

Коронавирус