среда, 18. септември 2019. Вести денес: 32
home Фудбал

Објавен последниот разговор на Сала, си ја предвидел ли смртта?

Објавен последниот разговор на Сала, си ја предвидел ли смртта?

Француските медиуми објавија разговори на Аргентинецот Емилијано Сала кој загина во трагична авионска несреќа на патот од Нант кон Кардиф.

Французите објавија снимки од интимни разговори на Сала со семејството, две недели пред кобниот лет, на кои се жали дека не сака да игра во Кардиф но сопственикот на Нант инсистирал затоа што понудата била добра.

„Од Нант сакаат да си одам затоа што понудата од Кардиф била навистина добра. И за мене договорот е добар, но од спортски аспект нема ништо. Затоа не сакам да одам. Разговарав и со Меси околу можноста да пронајдам подобра фудбалска средина, иако не се плашам да одам и да играм во Кардиф. Но, искрено сум уморен од се, немам едноставно сила да се борам со претседателот на Нант. Тој едноставно не ме поднесува и сака да ме продаде по секоја цена. Не сака ни да разговара со мене, но кажа дека понудата била добра и дека ќе ме продаде во Кардиф затоа што нуделе големи пари. Тој е човек кого ништо не го интересира освен парите. Тешко ми е. Како на никого да не му е грижа за мене. Не знам што да правам“ – вели Сала во еден од последните разговори со своите најблиски.

Извор: ekipa.mk