петок, 22. ноември 2019. Вести денес: 164
home Фудбал

Ново видео – Колашинац како Супермен, не се исплаши од оружје и го одбрани Озил

Ново видео – Колашинац како Супермен, не се исплаши од оружје и го одбрани Озил

Англиската полиција објави ново видео на кое се гледа моментот кога крадци ги напаѓаат Сеад Колашинац и Месут Озил и се обидуваат да ги ограбат, а изненадува реакцијата на Босанецот кој беше „мртов ладен“ иако му се закануваа со ладно оружје.

Двете ѕвезди на „топџиите“ беа нападнати со нож од непознато лице, пред да влезат во автомобилот на Озил. Колашинац го одбрани клупскиот колега со голи раце, но драмата не застанала тука, затоа што безбедносните камери покажале дека напаѓачите ги гонеле во наредните два километри.

Колашинац и Озил успеале да се спасат откако застанале непосредно до турски ресторан каде се чести гости, па вработените и газдите успеале да ги исплашат напаѓачите.

Новото видео објавено од англиската полиција:

Полицијата веќе ги има уапсено напаѓачите и им изрече затворски казни. Одговараа за напад со ладно оружје, нарушување на јавниот ред и мир, а истовремено поседувале и дрога.

извор: gol.mk