петок, 17. септември 2021. Вести денес: 117
home Фудбал

Новиот соиграч на Барди ја шокираше Шпанија: Солдадо режираше несфатлив хорор старт на пријателски меч (Видео)

Новиот соиграч на Барди ја шокираше Шпанија: Солдадо режираше несфатлив хорор старт на пријателски меч (Видео)

Леванте и Вилјареал одиграа тврд пријателски натпревар во подготовките за новата сезона, но со оглед на тоа што истиот заврши со резултат 0:0, шпанската јавност остана шокирана од еден потег на ветеранот во нападот.

Роберто Солдадо кој во минатото беше шпански репрезентативец стави потпис на двегодишен договор со Леванте пред извесно време, а на еден од воведните пријателски натпревари, направи недоличен потег за негова возраст против 15 години помлад противник.

Со оглед на тоа што е пресезона, многу млади фудбалери се дел од натпреварите, па така вчера Хорхе Куенка беше жртва на хорор старт од напаѓачот на Леванте.

Новиот соиграч на Енис Барди нелогично стартуваше од зад грб директно во ногата на младиот 20-годишен Куенка, а медиумите само се прашуваат зошто напаѓачот не добил црвен картон во дадениот момент.

Коронавирус