петок, 22. октомври 2021. Вести денес: 201
home Фудбал

Новиот „Бернабеу“ одблиску: Реал Мадрид објави кратко видео од реновираниот стадион

Новиот „Бернабеу“ одблиску: Реал Мадрид објави кратко видео од реновираниот стадион

По цела една сезона помината на помошните терени на „Алфредо Ди Стефано“ стадионот ов Мадрид, се очекува „кралскиот клуб“ за следната сезона да се врати на својот „Сантијаго Бернабеу“.

Историскиот стадион се реконструира уште од 2019 година, а по завршувањето на реконструкцијата ќе биде еден од најмодерните, ако не и најмодерен стадион во светот.

На официјалниот Твитер профил на Реал Мадрид денеска осамна видео од градежните активности на стадионот на кој се гледа и кровот кој треба да биде главна атракција на истиот.

Имено, на новиот „Сантијаго Бернабеу“ ќе има кров кој ќе може автоматски да се отвора и затвора, а токму тоа се прикажува во дел од видеото.

Фудбалските фанови ширум светот со нетрпение го очекуваат завршувањето на реконструкцијата по која стадионот ќе добие нов, футуристички стил, нешто што ретко се гледа на сегашните стадиони.

Локални избори 2021