четврток, 23. септември 2021. Вести денес: 134
home Фудбал

Новинар го уценувал Перез, барал 10 милиони евра за да ги уништи аудио-снимките

Новинар го уценувал Перез, барал 10 милиони евра за да ги уништи аудио-снимките

Новинарот Хозе Антонио Абелана пред десет години го уценувал претседателот на Реал Мадрид со објавување на аудиозаписи каде, Флорентино Перез ги критикува Икер Касилјас, Кристијано Роналдо, Жозе Мурињо, Раул и другите поранешни играчи и тренери на клубот.

Во 2011 година, новинарот се состана во ресторан во Мадрид со потпретседателот на Реал Мадрид, Едуардо Фернандез де Блас и понуди да ги уништи досиејата за 10 милиони евра, но клубот одби, објави новинарот Карлос Бустиљо, во етерот на програмата „Ел Транзистор“ на радиостаница „Онда Церо“.

Транскриптите на аудиозаписите беа објавени оваа недела од „Ел Конфиденсиал“. Во нив, се слуша како Перез упатува еден куп навреди и недолични зборови кон легендите на Реал, употребувајќи изрази како, идиот, ненормални, глуп и др.

Коронавирус