недела, 26. септември 2021. Вести денес: 44
home Фудбал

Нови проблеми за Барселона: Католонците го загубија главниот спонзор

Нови проблеми за Барселона: Католонците го загубија главниот спонзор

Јапонската онлајн трговска компанија Ракутен ја прекинува соработката со Барселона.

Ракутен е главниот спонзор на каталонскиот клуб, но тој одлучи да не ја продолжи соработката која трае од 2017 година, според која Јапонците и даваат на Барселона 55 милиони евра по сезона за натписот на дресот.

Ќе се смени и спонзорскиот натпис на ракавот на дресот, на кој се рекламира турскиот производител на бела техника „Беко“.

Барселона, сепак, има неколку спонзорски понуди на маса и се надева на најдобри зделки, а се споменува дека името на стадионот „Камп Ноу“ би можело да се продаде за права, со што на клубот ќе му се дадат нови приходи.

Шпанскиот великан се наоѓа во се потешка ситуација поради финансиски проблеми, поради што Лионел Меси на крајот не можеше да се регистрира, па отиде во ПСЖ како слободен играч.

Некои искусни играчи како Жерар Пике, Серхи Роберто и Серхио Бускетс прифатија намалување на платата за да и помогнат на Барса во еден од најмрачните периоди во минатото на славниот клуб.

Коронавирус