вторник, 19. октомври 2021. Вести денес: 180
home Фудбал

Нови проблеми во американскиот „Дрим тим“, без Кевин Лав на ОИ во Токио

Нови проблеми во американскиот „Дрим тим“, без Кевин Лав на ОИ во Токио

Селекторот на американската олимписка кошаркарска репрезентација Грег Попович остана без уште еден играч, откако настапот на турнирот во Токио поради повреда го откажа и крилниот центар на Кливленд, Кевин Лав.

– Страшно сум разочаран поради тоа што нема да патувам со репрезентацијата во Токио, но морате да бодете 100 отсто подготвени за да играте на Олимписки игри, а јас тоа во моментов не сум, изјави Лав.

Американскиот селектор пред неколку денови, поради ковид протоколот, остана и без услугите на еден од најдобрите стрелци во НБА лигата, Бредли Бил од екипата на Вашингтон, а неизвесен е и настапот на Џерами Грант од Детроит.

На местата на Лав и Бил во американскиот „Дрим тим“ се приклучија Џавал Мекги (33) од Денвер и 21-годишнит кошаркар на Сан Антонио, Келдон Џонсон.

Локални избори 2021