понеделник, 14. јуни 2021. Вести денес: 54
home Фудбал

Нови позитивни на коронавирус во Атлетико Мадрид пред вечерашниот дуел со Селта

Нови позитивни на коронавирус во Атлетико Мадрид пред вечерашниот дуел со Селта

Актуелниот лидер во шпанското првенство Атлетико Мадрид соопшти попладнево за нови случаи на заразени со коронавирус во своите редови, посочувајќи дека Томас Лемар и Хектор Ерера се позитивни на Ковид-19.

Со нив двајца вкупниот број за заразени со коронавирус во Атлетико Мадрид се искачи на шестмина.

Шпанските медиуми јавија дека екипата, во очекување на резултатите од тестирањата, го откажала претпладневниот тренинг, а фудбалерите индивидуално ќе пристигнат на стадионот „Ванда Метрополитано“ за вечерашната првенствена пресметка против Селта Виго.

ЕУРО 2020

Македонија