вторник, 27. јули 2021. Вести денес: 146
home Фудбал

Нови информации за смртта на Астори

Нови информации за смртта на Астори

Ненадејната смрт на капитенот на Фиорентина Давиде Астори ја потресе Италија и целиот фудбалски свет.

Поради смртта на 31-годишниот дефанзивец лигата ги одложи сите натпревари во Серија А кои во неделата беа на програмата.

Астори починал во сон во хотел во Удине, ноќта помеѓу саботата и неделата. Почитаниот фудбалер вчера со Фиорентина требаше да му гостува на Удинезе.

Италијанските медиум во текот на вчерашниот ден шпекулираа дека Астори починал од срцев удар, но денес државната телевизија РАИ објави дека најверојатна причина за смртта е излив на крвта во мозокот.

Коронавирус