среда, 27. јануари 2021. Вести денес: 156
home Фудбал

Нови детали за несреќата во која загина Емилијано Сала

Нови детали за несреќата во која загина Емилијано Сала

„БиБиСи“ објавува нови детали поврзани околу авионската несреќа по која животот го загубија засилувањета на Кардиф, Емилијано Сала и пилотот на авионот, Дејвид Иботсон. Телевизијата открива дека пилотот на малиот авион „Пајпер Малибу“ кој се урна во Ла Манш немал лиценца за летање во ноќни услови затоа што бил далтонист.

Ќе се почека уште речиси една година за Агенцијата за Цивилно воздухопловство од Британија да го даде комплетниот извештај за оваа несреќа. Се дотогаш, од Агенцијата потврдија дека нема да излегуваат со коментари на оваа тема во јавноста.

Инаку, Иботсон не требало да го носи Сала за Кардиф затоа што менаџерот кој беше вклучен во неговиот трансфер, Вили Макај, побарал Аргентинецот да биде однесен од неговиот пилот Дејв Хендерсон. Сепак, Хендерсон работата му ја препуштил на Иботсон кој не бил специјализиран за подолги летови.

Коронавирус