понеделник, 18. октомври 2021. Вести денес: 5
home Фудбал

Новата ѕвезда на ПСЖ: Почувствував дека треба да дојдам во Париз

Новата ѕвезда на ПСЖ: Почувствував дека треба да дојдам во Париз

Ашраф Хакими е најскапиот фудбалер кој ова лето пристигна во ПСЖ. Парискиот клуб, кој успеа да создаде вистински дрим-тим од имиња и да ја нападне Лигата на шампионите, плати за Мароканецот 60 милиони евра за да го доведе од Интер.

Хакими во првите седум натпревари веќе постигна три гола и има две асистенции. Со тоа, се профилираше себе си како најдоброто засилување досега оваа сезона, пред Донарума, Рамос, Меси и Вајналдум. Тој откри дека во ПСЖ не пристигнал само поради парите, туку и поради верски и културолошки причини.

„Иако израснав во Шпанија, ние сме Мароканци. Дома разговараме на арапски, муслимани сме, јадеме мароканска храна. Кога со 14 години добив повик од Мароко, ниту секунда не се размислував. Подоцна имаше контакти со Шпанија, но јас уште претходно донесов одлука. Една од причините поради која пристигнав во Париз е тоа што сум муслиман, а тука има голема арапска и муслиманска заедница. Знам дека поради тоа ќе се чувствувам како дома“, изјави десниот бек.

„Имав две понуди, но интуицијата ми рече дека морам да дојдам во Париз и дека ќе бидам среќен. ПСЖ е фантастичен клуб и ценам колку луѓето тука ме сакаа. Имав и среќа што моето доаѓање беше проследено со големи трансфери и веќе сум сигурен дека не погрешив. Се чувствувам добро, имаме екипа од соништата и среќен сум што сум дел од сето ова“.

Хакими одлично ја започна сезонава и засега повеќе се исплаќа на клубот од останатите големи засилувања. Мароканецот веќе решава натпревари, а Меси се уште нема постигнато гол. Лудо е да се споредуваат двајцата и прашање на време е кога ќе проработи магијата кај Аргентинецот, а Хакими не крие дека му е остварување на сонот што игра заедно со еден од најголемите во историјата.

„Не очекував, како што никој не очекуваше, дека ќе ја напушти Барса. Играв со голем број големи играчи, но не и со Меси. Сега го живеам својот сон. Ме изненади како се однесува. Многу е едноставен, мирен, тивок…“.

Локални избори 2021