петок, 5. март 2021. Вести денес: 116
home Фудбал

Нова фудбалска трагедија: Во авионска несреќа во Бразил загинаа четири фудбалери и претседател на клуб (ВИДЕО)

Нова фудбалска трагедија: Во авионска несреќа во Бразил загинаа четири фудбалери и претседател на клуб (ВИДЕО)

Четири играчи на бразилскиот фудбалски клуб Палмас, бразилски четвртолигаш, загинаа во недела наутра во авионска несреќа. Со нив животот го загубиле и претседателот на клуб и пилотот, пренесуваат бразилските медиуми.

Претседателот Лукас Меира, и играчите Лукас Парекседес, Гилерме Ное, Рануле и Маркус Молинари тргнале на Куп натпреварот против Вила Нова, но авионот се срушил на крајот од пистата на самото полетување во Лузимангуеш.

Ова е уште една тешка авионска несреќа со фудбалски тим во Бразил. Во 2016 авионот на тимот на Шапекоензе се урна во Колумбија, при што загинаа 73 патници, главно фудбалери на тимот, а преживеаја шест лица.

Коронавирус