петок, 4. декември 2020. Вести денес: 30
home Фудбал

Нов судиски скандал во Италија: Јувентус ќе остане без титулата од 2018 година?!

Нов судиски скандал во Италија: Јувентус ќе остане без титулата од 2018 година?!

Премногуто слободно време во отсуство на фудбалски мечеви поради пандемијата со коронавирусот, како да беше клучно истражните органи во Италија да почнат да истражуваат околу начинот на кој Јувентус дојде до титуалта пред две години, посебно случувањата на средбата против Интер, која се покажа како клучна за скудетото.

Составот од Торино како гостин победи со 3-2, во меч во кој Миралем Пјаниќ имаше ептен остар старт врз Рафиња, кој по консултации со ВАР-собата беше окарактеризиран за како полесен за жолт картон. Нешто подоцна, Интер остана со играч помалку со далеку понеже прекршок од тој на Пјаниќ, што за истражителите е доволно вниманието да го насочат кон судијата Даниеле Орсато.

„Ги баравме разговорите помеѓу ВАР-судиите и Орсато, но материјалот го добивме дури во текот на следната сезона. И во датоката имаше сѐ друго освен најважната работа, а тоа се разговорите за време на спорниот момент. Кога повторно го побаравме, ни рекоа дека го немаат тој дел. Крајно сомнително“, изјави Џизепе Пекораро, поранешен шеф на обвинителството во италијанскиот фудбал.

Јувентус на тој меч триумфираше со пресврт, а следниот ден Наполи „киксна“ во Фиренца со што на „Старата дама“ ѝ се отвори патот кон титулата во 2018 година.

Коронавирус