вторник, 28. септември 2021. Вести денес: 174
home Фудбал

Нов скандал во режија на судиите: За малите не важи ВАР- Аргентина се провлече со помош на скандалозната одлука на Чакир

Нов скандал во режија на судиите: За малите не важи ВАР- Аргентина се провлече со помош на скандалозната одлука на Чакир

Фудбалерите на Аргентина се пласираа во осминафиналето од Мундијалот во Русија, со победа во последниот натпревар од групната фаза над тимот на Нигерија со резултат 2:1.

Маркос Рохо во 86-та минута донесе доста важна победа за Аргентина, која со тие три бода го обезбеди второто место во групата и дуел со Франција.

Сепак, она што привлече најголемо внимание на јавноста е недосудениот пенал за Нигерија при резултат 1:1.

Имено, херојот на Аргентина, Маркос Рохо, можеше да биде трагичар. Топката при еден скок го погоди прво во главата, а потоа и во раката. Сите репрезентативци на Нигерија скокнаа кон судијата Чакир, кој тогаш побара помош од ВАР технологијата.

Бидејќи во ВАР собата пет судии не можеа да се одлучат, Чакир мораше сам да ја прегледа ситуација. Нигеријците веќе се спремаа да ја изведат најстрогата казна, а потоа следуваше шок.

Чакир на изненадување на многумина покажа само играта да продолжи, иако на сите им беше повеќе од јасно дека станува збор за чист пенал.

Топката беше уфрлена од страна, Рохо најпрво ја зафати со глава, а потоа со неприродна положба на раката го промени патот на топката. На големиот бим на стадионот сите ја видоа таа ситуација, но судијата Чакир изгледа не.

Станува очигледно дека ВАР технологијата не може да им помогне во сите спорни ситуации и дека на овој Мундијал аршините не се еднакви за сите.

Коронавирус