недела, 15. мај 2022. Вести денес: 102
home Фудбал

Нов ковид-протокол во Серија А

Нов ковид-протокол во Серија А
Pallone e banner Serie A Balls and serie A banner Roma 08-01-2017 Stadio Olimpico Football Campionato Serie A 2016/2017 Lazio - Crotone Foto Andrea Staccioli / Insidefoto

Натпреварите од Серија А ќе бидат одложени доколку во тимот има најмалку девет играчи позитивни на Ковид-19. Одлуката ја донесе италијанската влада на заеднички состанок со претставници на спортските и на здравствените власти.

Фудбалерите кои се позитивни на коронавирус треба да бидат ставени во карантин, додека нивните лица за контакт не треба да бидат изолирани, туку мора да носат маски ФФП2 и ќе бидат секојдневно тестирани пет дена и ќе можат да играат ако имаат негативен тест четири часа пред почеток на мечот.

Локалните здравствени служби ќе имаат право да стават тим во карантин за најмалку 35 проценти од позитивните тестови. Бидејќи тимовите од Серија А можат да регистрираат до 25 играчи, спорната точка беше дали тимовите треба да бидат суспендирани за осум или за девет заболени. На крајот беше постигнат договор за одлжување на меч со деветмина заболени од Ковид-19.

Коронавирус