четврток, 23. септември 2021. Вести денес: 110
home Фудбал

Нов хаос во Франција: Заменет играч тргна физички да се пресмета со навивач (ВИДЕО)

Нов хаос во Франција: Заменет играч тргна физички да се пресмета со навивач (ВИДЕО)

Во рамките на натпреварот од втората француска лига меѓу Авр и Тулуз за малку беше избегнат голем инцидент. Откако претходниот месец беше прекинат дуелот од Лига 1 меѓу Ница и Олимпик Марсеј поради скандал и физичка пресметка со навивачите, вчера за малку не се случи слична ситуација.

Откако беше повлечен од игра, Калид Бутаиб излезе од теренот на спротивната страна од клупите за резервни играчи. Еден од навивачите го навредуваше и му дофрлаше, а 34-годишникот ги прескокна рекламите и тргна да се соочи со фанот. Двајцата се влечеа и разменуваа навреди, Бутаиб се обиде да го фати за врат, но беше повлечен од страна на обезбедувањето.

Судирот на Бутаиб со бесниот навивач:

Бутаиб заработи црвен картон и замина во соблекувалните, а за среќа беше избегнат поголем инцидент бидејќи двајцата беа раздвоени. Фудбалерот ќе пропушти барем еден натпревар на Авр, додека навивачот ќе добие забрана за присуство на трибините.

Коронавирус