петок, 23. април 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Нов гол на Трајковски во дресот на Палермо

Нов гол на Трајковски во дресот на Палермо

Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски му донесе важен бод на својот тим Палермо во трката за првото место во италијанската Серија Б.

Трајковски беше стрелец на голот на Палермо во дуелот од 20. коло на гостински терен кај Чезена кој заврши без победник 1-1.

Токму со голот на мекедонскиот репрезентативец во деветтата минута гостите поведоа со 1-0.

Сепак Чезена стигна до израмнување 34-та минута со погодокот на Јами Јалоу.

За Трајковски ова беше трет гол сезонава во Серија Б, а вкупно шестти сезонава, бидејќи македонскиот репрезентативец забележа „хет-трик“ во куп натпреварот против екипата на Виртус.

По дваесет одиграни натпревари Палермо е лидер на табелата во Серија Б со 36 бодови, два повеќе од Фросиноне, односно три повеќе од Бари.

Коронавирус