петок, 7. август 2020. Вести денес: 114
home Фудбал

Норвич испадна од Премиер лигата

Норвич испадна од Премиер лигата

Екипата на Норвич не успеа да обезбеди опстанок во Премиер лигата, откако попладнево на домашен терен загуби од Вест Хем со убедливи 4:0.

Куриозитет е тоа што сите голови за гостите од Лондон ги постигна Михаел Антонио.

Ова беше дуел од 35. коло по кој Норвич ги загуби и теоретските шанси да остане во елитата на англискиот фудбал.

Тимот има само 21 бод и е убедливо последен на табелата со недостижни 13 бода негатива зад првата екипа која е надвор од опасната зона. (MИА)

Коронавирус