петок, 28. февруари 2020. Вести денес: 2
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Фудбал

Норвешка со фуриозен старт ја прегази Унгарија

Норвешка со фуриозен старт ја прегази Унгарија

Селекцијата на Норвешка и покрај тоа што немаше помош од голманската двојка, која забележа само шест интервенции, сепак дојде до значајна победа на дуелот против Унгарија (36-29) со која е на чекор до пласман во полуфиналето на Европското првенство што за прв пат се одржува во три земји.

Избраниците на Кристијан Берге имаа фуриозен старт на натпреварот откако поведоа со 4-0 по само пет минути. Првиот гол Унгарците го постигнаа дури во шестата минута, а потоа следување нова серија на Норвежаните со која дојдоа до одлични 8-1 во деветтата минута. Највисоката предност изразена со десет разлика дојде во 18. минута (15-5), а двоцифрена предност имаа и во наредните неколку минути (16-6, 17-7), па на пауза заминаа со 20-12.

Во вториот дел далеку подобро издание имаше Унгарија, но немаше никакви шанси за изненадување против разиграните Норвежани.

Сосема очекувано, најефикасен во победничката селекција беше Сандер Сагосен со седум гола од десет обида, шест постигна Јоханесен, додека пет забележаа Јондал и Рајнкинд.

Со оваа победа Норвешка има четири бода исто колку и Словенија.