петок, 7. мај 2021. Вести денес: 173
home Фудбал

Нолито: Имаме план како да ја победиме Барса

Нолито: Имаме план како да ја победиме Барса

Напаѓачот на Севиља, Нолито е оптимист пред финалето на Купот на Шпанија против својот поранешен клуб Барселона, кој се игра утре од 21:30 часот по македонско време.

– Никогаш досега не сум имал можност да учествувам во финале, но знам дека атмосферата е одлична. Барса е фаворит, но на крајот тоа е само еден натпревар и ние веруваме дека можеме да победиме. Ќе биде тешко, но имаме план за успех, прокоментира шпанскиот фудбалер во пресрет на дуелот на „Ванда Метрополитано“.

Триесет и едно годишниот напаѓач потврди дека во 2016 година можел да се врати на „Камп Ноу“, но го избрал Манчестер Сити. Минатото лето ги напушти „граѓаните“, за да потпише со Севиља.

МИА

Коронавирус