сабота, 7. декември 2019. Вести денес: 0
home Фудбал

Ноер: Свесни сме за сериозноста на ситуацијата и сакаме да се вратиме на победничката патека

Ноер: Свесни сме за сериозноста на ситуацијата и сакаме да се вратиме на победничката патека

Голманот на Баерн Минхен, Мануел Ноер, по поразот од Борусија Менхенгладбах во натпреварот од 7-миот круг на шампионатот во Германија (3:0), рече дека тимот ја сфаќа сериозноста на ситуацијата.

Баварците претрпеа втор пораз по ред и паднаа на 6. место на табелата.

-Ние знаеме како се развива ситуацијата и ние сме свесни за сериозноста на ситуацијата. Но, со нетрпение очекуваме и сакаме да се вратиме на победничката патека, вели Ноер.

Во последните четири натпревари, Баерн нема ниту една победа. Одигра нерешено со Аугсбург и Ајакс, а загуби од Херта и Борусија Менхенгладбах. (МИА)