недела, 15. декември 2019. Вести денес: 0
home Фудбал

Ноер се враќа на теренот во април

Ноер се враќа на теренот во април

Најдобриот германски голман Мануел Ноер закрепнува од повредата и се очекува во април да биде во составот на Баерн Минхен за натпреварите од Лигата на шампионите.

Репрезентативниот чувар на мрежата поради повреда на стапалото веќе со месеци е надвор од фудбалските терени, а тренерот на Баварците, Јуп Хајнкес соопшти дека во моментов Ноер 80 отство е подготвен.

-Големи се шансите тој да се врати во април, но ние нема да брзаме со него и да го притискаме да го направи тоа. Ноер во консултација со медицинскиот тим ќе одлучи за враќањето, информира Хајнкес.

Враќањето на Ноер со нетрпение го очекува и германскиот селектор Јоаким Лев кој ќе го предводи актуелниот светски првак на Мундијалот во Русија претстојното лето.