сабота, 7. декември 2019. Вести денес: 0
home Фудбал

Ноер: Резултатот од натпреварот со Франција не го одразува текот на играта

Ноер: Резултатот од натпреварот со Франција не го одразува текот на играта

Голманот на Баварија и германската репрезентација Мануел Ноер, по поразот од Франција изјави дека резултатот не соодветен на прикажаното на теренот.

Германија загуби со 2:1, иако прва дојде во водство.

– Да се губи е многу непријатно. Особено кога ќе водите први и ја имате играта под контрола. Сите видоа на каков начин сме поразени. Не собравме сили да постигнеме втор гол. Тогаш се ќе беше поинаку. Вака, резултатот не е вистинска слика на тоа што се случуваше на теренот, изјави Ноер.

Германија се наоѓа пред испаѓање од А-дивизијата во Лигата на нации.