вторник, 18. јануари 2022. Вести денес: 77
home Фудбал

Њукасл плати 30 милиони евра за новозеландски напаѓач

Њукасл плати 30 милиони евра за новозеландски напаѓач

Еден од најбогатите фудбалски клубови во светот откако мина во рацете на саудиски конзорциум, Њукасл, објави денеска дека го довел второто засилување во битката за опстанок во Премиер лигата, потпишувајќи договор вреден дури 30 милиони евра со новозеландскиот репрезентативец Крис Вуд.

Новото засилување на Њукасл, кој доаѓа од конкурентот за опстанок Барнли, во британските медиуми беше дочекано со доза на иронија по најавите за трансфери на големи ѕвезди, меѓу кои се споменуваше и името на Килијан Мбапе од ПСЖ. Место тоа, Њукасл нападот го засили со фудбалер, кој сезонава постигна само три голови, и од 2017 година беше член на Барнли.

Вуд е второто засилување во јануарскиот преоден рок во составот на Њукасл по дефанзивецот на англиската репрезентација Киеран Трипие, кој дојде од Атлетико Мадрид

Коронавирус