понеделник, 30. ноември 2020. Вести денес: 150
Во живо

Обраќање на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на нацијата

home Фудбал

Њукасл плаќа огромна компензација на Тотенхем за Почетино

Њукасл плаќа огромна компензација на Тотенхем за Почетино

Њукасл ќе мора да плати 12,5 милиони фунти на Тотенхем доколку го назначи Маурисио Почетино за тренер до крајот на мај, пренесува „ЕСПН“. Ако „страчките“ го сторат тоа во јуни, тие нема да им плаќаат на „петлите“.

Спарси го отпуштија Почетино во ноември и му платија отштета од 12,5 милиони фунти. Според условите на договорот меѓу тренерот и клубот, секој тим кој ќе го назначи Аргентинецот во рок од 6 месеци од разделбата, ќе треба да ги врати тие пари во Тотенхем.

Претходно беше откриено дека Њукасл е подготвен да му понуди на Почетино договор со плата од 19 милиони фунти по сезона.

Коронавирус