петок, 16. април 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Ниту еден германски клуб не се пласираше во осминафиналето во Лига Европа

Ниту еден германски клуб не се пласираше во осминафиналето во Лига Европа

Ниту еден германски клуб не избори учество во осминафиналето во Лигата на Европа, за прв пат од 2014 година.

Баер Леверкузен два пати загуби од Јанг Бојс во 1/16финалната пресметка (3:4, 0:2), додека Хофенхајм беше послаб од Молде (3:3, 0:2).

Така, ниту еден клуб од Бундеслигата не се пласираше во 1/8 финалето на турнирот по втор пат во историјата на второто по квалитет клупско фудбалско натпреварување во Европа.

Претходно во тековната Лига Европа, Волфсбург загуби во плејоф рундата од грчки АЕК (1:2).

Коронавирус