понеделник, 24. јануари 2022. Вести денес: 54
home Фудбал

Николов: Уште еднаш докажавме дека победата над Реал Мадрид не била случајна

Николов: Уште еднаш докажавме дека победата над Реал Мадрид не била случајна

Македонскиот фудбалски репрезентативец Бобан Николов, кој влезе во второто полувреме на меч од ЛШ беше стрелец на изедначувачкиот погодок во судиското продолжение од средбата. за Шериф Тирасол

Тој смета дека ова реми е огромно остварување за неговиот тим.

„Покажавме дека сме зрел тим, дека не се плашиме од никого и дека заслужено ќе играме во Лига на Европа. Среќен сум за резултатот кој го оствари мојот тим, без разлика на тоа кој ќе го постигнеше голот. Игравме добро во второто полувреме и воопшто не се приметуваше на теренот дека играме против великан како Шахтјор, предводен од еден од најталентираните млади тренери, Роберто Де Зерби, кој е како Гвардиола. Ја ‘затворивме’ Лигата на шампионите како што посакуваме и уште еднаш докажавме дека победата над Реал Мадрид не била случајна“ изјави Николов.

Шериф групната фаза ја заврши со седум бода, зад Реал Мадрид и Интер, а пред Шахтјор.

Коронавирус