сабота, 31. октомври 2020. Вести денес: 91
home Фудбал

Никола Илиевски е нов тренер на Ренова

Никола Илиевски е нов тренер на Ренова

Искусниот македонски фудбалски стручњак Никола Илиевски е нов тренер на Ренова.

Илиевски во клубот доаѓа откако Јетон Беќири си поднесе оставка кон крајот на минатиот месец.

Во меѓувреме тимот го водеше спортскиот директор Лирим Саити и оствари добар успех, реализираше победи против Академија Пандев и Шкупи, а на последниот натпревар ремизираше со Шкендија.

Ренова во моментов е на четвртото место на табелата, а Илиевски ќе дебитира на 21-ви овој месец на домашен терен против Работнички.

МИА

Коронавирус