петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 0
home Фудбал

Нико Ковач: Одбраната освојува титули

Нико Ковач: Одбраната освојува титули

Новиот тренер на Монако ги објасни принципите врз кои ќе работи во клубот. Тој беше назначен на 19 јули, потпишувајќи 3-годишен договор со францускиот тим. 48-годишниот Хрват помина повеќе од половина година без работа, откако беше отпуштен од Баерн по лошиот старт на сезоната.

– Верувам во едно правило: напаѓачите освојуваат натпревари, одбраната освојува титулите. Видов дека Монако минатата сезона примил 44 голови, и тоа на 28 натпревари. Ремс, кој заврши на шестото место, прими само 21 гол. Тоа е важен елемент и зависи од сите играчи. Покрај тоа, сакаме да играме офанзивно, со агресија и брзина. Јас не сум тренер што стои настрана и гледа. Фудбалот е мојата страст и без страст не се постигнува ништо. Јас се обидувам да бидам близу до играчите, не сакам да се плашат од мене. Не сме пријатели, но мора да имаме добри односи, вели тој во интервју за „Екип“.

Хрватот призна дека ќе му треба време да ја наметне својата филозофија.

– Потпишав за три години, спортскиот директор Пол Мичел на четири. Ова го демонстрира процесот. Не можете да направите сè за еден ден. Знам дека не добивате време во фудбалот, но во нашиот случај го имаме и ќе покажеме дека ова е вистинскиот начин, посочи Хрватот. (MИА)

Коронавирус