вторник, 28. септември 2021. Вести денес: 63
home Фудбал

Нико Ковач го спасува Јовиќ од хоророт во Мадрид

Нико Ковач го спасува Јовиќ од хоророт во Мадрид

Србскиот напаѓач Лука Јовиќ во првите две сезони во Реал Мадрид не исполни ниту пет проценти од очекувањата од неговото доаѓање од Ајнтрахт за 60 милиони евра.

Во пресрет на третата сезона, тој доби можност да се избори за место во тимот на новиот тренер Карло Анчелоти, но веќе во првата недела од подготовките повреди мускул и го комплицираше статусот затоа што сега не може да се докаже во таборот на Анчелоти, пишува Ас.

Реал сака да се ослободи од Јовиќ, а Марка пишува дека за него е заинтересиран Нико Ковач, кој би го довел во Монако. Јовиќ и Ковач успешно соработуваа во Ајнтрахт Франкфурт, а Ковач ја започна својата тренерска кариера токму во Ајнтрахт од каде преку Барен премина во Монако.

Коронавирус