вторник, 11. мај 2021. Вести денес: 95
home Фудбал

Ни Суперлигашите не се даваат: ПСЖ има рок од 14 дена да се предомисли, Германците 30 дена

Ни Суперлигашите не се даваат: ПСЖ има рок од 14 дена да се предомисли, Германците 30 дена

УЕФА, ФИФА, медиумите, фудбалските легенди, навивачите, па дури и државните влади се борат да стават крај на лудилото на неколкумина лакоми луѓе и нивната желба за „американизација“ на фудбалот во Европа, но се борат и Суперлигашите.

Оние 12 клубови јасно и гласно се изјаснија дека ги напуштаат натпреварувањата на УЕФА и да основаат своја, Европска Суперлига, веруваат дека кога ќе слегне прашината, ќе им се приклучат и ПСЖ, Баерн и Борусија Дортмунд.

Иако сите три клубови во текот на денот јасно се изјаснија дека остануваат верни на УЕФА и Лигата на шампионите, „бегалците“ им дадоа рок до кога можат да го променат своето мислење. Како што пишуваат каталонски „Спорт“, германски „Шпигел“ и голем број други медиуми, во договорот кој го потпишаа 12 клубови, постои ставка дека на ПСЖ му се дава рок од 14 дена дефинитивно да се изјасни дали ќе се откаже од УЕФА и ќе прејде на нивна страна, додека на Баерн и Борусија Дортмунд им се дава рок од 30 дена.

Доколку некој од воие три клуба го промени ставот и се приклучи на новото натпреварување, ќе добие статус на основач, рамноправен како овие 12 кои веќе се отцепија.

Прашање е дали воопшто постои можност да се случи промена, бидејќи францускиот првак и двата германски клуба се децидно против сецесија, па дефинитивно ќе си направат штета ако го променат мислењето во овој предложен рок.

Коронавирус