четврток, 24. септември 2020. Вести денес: 37
home Фудбал

Ни Меси, ни Роналдо- најбогатиот светски фудбалер игра за Лестер!

Ни Меси, ни Роналдо- најбогатиот светски фудбалер игра за Лестер!

Кристијано Роналдо и Лионел Меси десетина години се натпреваруваат кој ќе има побогат договор, но и да играат фудбал до 50-годишна возраст нема да можат да се приближат на најбогатиот светски фудбалер, Фаик Болкиах.

Името дефинитивно не значи ништо, изненадувачки е што станува збор за фудбалер на Лестер (кој се уште нема ниту еден официјален настап во Премиер-лигата), но Болкиах своето богатство го нема создадено низ кариерата, туку наследено од пребогатото семејство.

Имено, младиот Фаик е внук на Султанот од Брунеи (Хасанал Болкиах), чие богатство е проценето на 20 милијарди фунти. Таткото на Фаик, Џефри, е проценет над пет милијарди фунти, богатство од кое половина треба да му припадне на фудбалерот на Лестер. Само како информација, Џефри Болкиах во изминатите петнаесет години има свртено над десет милијарди фунти преку Инвестицискиот фонд на Брунеи. Во сиот луксуз во кој живее, тој има колекција од 2.300 автомобили, меѓу нив бројни специјални примероци на Бентли, Ферари и Ролс Ројс. За својот јубилеен 50. роденден тој го повикал Мајкл Џексон на специјален концерт, му платил на кралот на поп-музиката 12,5 милиони фунти, но исто така и изградил цел стадион само за концертот да звучи перфектно.

Израснат во едно такво окружување, изненадувачки е што младиот Фаик Болкиах го брка својот сон играјќи фудбал, иако не може да се избори за првотимски статус.

„Фудбал играм откако знам за себе и отсекогаш сум ја имал поддршката од семејството за тој мој избор. Моите најблиски се моите идоли, тие ме имаат подготвено психолошки за предизвиците во кариерата“ – коментира младиот фудбалер на Лестер, кој претходно има настапувано и за младинските екипи на Саутемптон, Арсенал и Челси, но без позначаен успех.

Коронавирус