недела, 19. септември 2021. Вести денес: 83
home Фудбал

Невкусен англиски хумор: „Дејли стар“ се срамна насловна страница посветена на Марадона (ФОТО)

Невкусен англиски хумор: „Дејли стар“ се срамна насловна страница посветена на Марадона (ФОТО)

Новинарите на „Дејли стар“ опасно се посрамотија со насловната страница по смртта на Диего Армандо Марадона, а главниот текст со наслов „Каде беше ВАР-системот кога најмногу требаше“ со алузија на голот на Аргентинецот со рака против Англија наиде на остри критики, пишува Спортманија.

Англискиот хумор е специфичен, но овојпат испадна невкусен, се најчестите коментари на социјалните мрежи.

Марадона почина вчера на 60-годишна возраст од срцев удар по операцијата на мозокот, а голот што го постигна со рака на Мундијалот во 1986 година стана култен и еден од најспомнуваните моменти во историјата на фудбалот.

Англичаните не му простија и по 34 години минати од голот со рака, што веднаш беше именуван како „Божјата рака на Марадона“.

Коронавирус