петок, 7. мај 2021. Вести денес: 84
home Фудбал

Невил: Венгер ги создаде најдобрите тимови против кои сум играл во Англија

Невил: Венгер ги создаде најдобрите тимови против кои сум играл во Англија

Поранешниот англиски репрезентативец, Гери Невил ја коментираше разделбата меѓу Арсен Венгер и Арсенал.

Францускиот специјалист објави денеска дека ова ќе се случи по крајот на сезоната

– Арсен Венгер ги создаде најдобрите тимови против кои сум играл во Англија. Во 1998 година неговиот тим беше неверојатен. Најголемиот комплимент е дека тимовите му играа фудбал, кој не натера да ја смениме нашата игра. Венгер го заслужува најневеројатнoтo испраќање, напиша Невил во Твитер.

Гери Невил долги години играше за Манчестер Јунајтед.

Арсен Венгер го предводеше Арсенал од 1996 година. Под негово водство „топџиите“ ја освоија трипати Премиер лигата и седум пати ФА Купот.

Оваа сезона имаат добра шанса да ја освојат и Лига Европа, каде се во полуфиналето и играат против Атлетико Мадрид.

Коронавирус