четврток, 16. јули 2020. Вести денес: 164
home Фудбал

Невил открива кој е идеалниот наследник на Мурињо

Невил открива кој е идеалниот наследник на Мурињо

Поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед, Гери Невил смета дека отказот на Жозе Мурињо е резултат на слабото вложување на управата на клубот во летниот преоден рок.

Португалецот е сменет денес, два дена по поразот од Ливерпул.

-Отказот на Мурињо е поради лошото сработено во летниот преоден рок. Управата не беше за тоа да се даваат многу пари за засилувања, вели Невил.

Невил, кој целата кариера ја помина на Олд Трафорд, ја изнел својата идеја, Јунајтед од следното лето да го преземе сегашниот менаџер на Тотенхем, Маурисио Покетино.

-За мене тој е идеален кандидат. Манчестер се обиде со менаџери кои имаат освоено Лига на шампиони, со трофеи во повеќе национални лиги. Мое видување е дека сега е дојдено време за три клучни работи, промоција на младите фудбалери, возбудлив фудбал и победи, вели Невил.

Јунајтед во моментов е на шестата позиција на табелата во Премиер лигата со 11 бодови помалку од Челзи. Лидерот Ливерпул има 19 бода повеќе од „Црвените ѓаволи“.

Парламентарни избори 2020