сабота, 4. декември 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Невидена тепачка меѓу фудбалери: Полицаец впери пиштол кон играч, а после се слушна и истрел во воздухот (ВИДЕО)

Невидена тепачка меѓу фудбалери: Полицаец впери пиштол кон играч, а после се слушна и истрел во воздухот (ВИДЕО)

Обично навивачите се одговорни за немирите на стадионите, често фудбалските натпревари стануваат сцена на хулигански испади. Меѓутоа, во овој случај, проблемот го предизвикаа самите фудбалери, а полицијата ја „смири“ ситуацијата на крајно необичен начин.

Натпреварот помеѓу Виторија Сетубал и Олимпика де Монти во предградието на Лисабон беше прекинат поради хаосот што владееше на теренот. На клупата за резервни играчи имаше масовна тепачка меѓу спротивставените страни, во која учествуваа речиси сите играчи и членови на стручните штабови на двата тима. Некои извори тврдат дека некои навивачи исто така се вклучиле во толпата.

Полицијата беше во мал број, но успеа да ја запре „масата“ дури откако одлучија да пукаат во воздух! Снимките од социјалните мрежи покажуваат двајца полицајци како пукаат во воздух, додека едниот вперил пиштол во играч. По десетина куршуми, немирите беа прекинати, иако сето тоа се случи на многу необичен метод.

Коронавирус