петок, 23. јули 2021. Вести денес: 126
home Фудбал

Неверојатна животна приказна: Две години мина во инвалидска количка, а сега постигна гол за Данска

Неверојатна животна приказна: Две години мина во инвалидска количка, а сега постигна гол за Данска

Фудбалерите и разни спортисти, кои преку трње доаѓаат до ѕвездите, славата и парите, често имаат тешка приказна од младоста. Таква има и Мартин Брајтвајт, кој две години од своето детство минал во инвалидска количка, а завчера го постигна првиот гол за Данска на големите натпреварувања.

Брајтвајт имал проблеми со развојот на колковите, поради што од петтата до седмата година од животот бил во количка. Минал многу време и во болница, но успеал да излезе како победник. Неговото лечење траело две години и за среќа лекарите ја погодиле терапијата и овозможиле неговите колкови нормално да се развиваат.

„Не се сеќавам премногу на тоа време, а дури и намерно ги потиснав сеќавањата, затоа што тоа беше многу тажен период од мојот живот. Гледав другите деца како трчаат, играат се смеат, а ја не можев ниту да одам. Баш ми беше тешко и се сеќавам дека ми беше срам што сум поразличен од другите деца“– кажа Брајтвајт во разговор за „CNN“ минатата година.

Од времето кога беше во количка и кога не можел да оди, Брајтвајт успеа да се избори до тоа да е здрав, да може да оди и да трча. Животот му е баш сон, игра за Барселона, а и репрезентативец е на Данска со која избори пласман во четвртфиналето не ЕУРО 2020.

Коронавирус