недела, 16. декември 2018. Вести денес: 0
home Фудбал

НЕВЕРОЈАТНА ПРИКАЗНА: Поради кокаин требаше да не оди на Мундијалот во Русија, го спаси „дрогирана“ мумија

НЕВЕРОЈАТНА ПРИКАЗНА: Поради кокаин требаше да не оди на Мундијалот во Русија, го спаси „дрогирана“ мумија

Тоа се тела пронајдени во 1999 година на Андите, каде поради ладното време и надморската виина останале сочувани до толку што во косата на една од трите мумии бил пронајден метаболит кокаин. Исто како и кај легендата на перуанскиот фудбал.

-Никогаш во животот не сум земал дрога, а во Перу чајот од кока е популарен и тој може сегде да го пиеш, па и во хотелот каде бевме сместени. Чајот на секој му беше достапен, па веројатно и мојот чај имал во себе кокаин. Пиев црн чај со лимон, не сум луд да земам било каков кокаин, раскажува 33 годишниот Хозе Паоло Гуереро, откако Фифа го суспендираше една година од фудбалот, а потоа таа суспензија ја намали на шест месеци.

Тоа значи дека казната му завршува пред Светското првенстов, што покажува дека тој ќе може да заигра за Перу, држава која после 36 години се пласираше на Мундијалот.

-Земајќи ги во предвид околностите околу случајот и нивото на вината на играчот, Комосијата за жалби заклучи дека суспензијата во траење од шест месеци е разумна казна, се огласи Фифа после конечната пресуда.

Во перуанските медиуми се појави приказна околу тоа на кој начин Гуереро успеал да ја “среди“ Фифа за да дојда до преполовување на казната. Неговите адвокати се служеле со “морбидна одбрана“, во приказната се вклучени три мумифицирани мртви тела стари барем неколку века.

Тоа се тела пронајдени во 1999 година на Андите, каде поради ладното време и надморската виина останале сочувани до толку што во косата на една од трите мумии бил пронајден метаболит кокаин. Иста супстанца што беше најдена и во мокрачата на Гуереро.

Неговите адвокати не пробале да демантираат дека конзумирал кокаин, бидејќи и самиот играч е познат по честото кршење на дисциплинските правила. Одбраната се темелела на докза дека клучната супстанца може во телото да остане не само месеци после конзумирањето, туку и повеќе векови.

-Тоа ни помогна да ја поставиме одбраната, но не би ни користело да не приложевме сведочење од експерти за тие студии и експертски трудови, изјави Бихар Нето, еден од адвокатите на Гуереро.

Гуереро и понатаму тврди дека бил позитивен поради невнимание, најавувајќи дека нема да се предаде додека не биде ослободен.

-Ќе продолжам да се борам за да ја докажам мојата невиност. Навистина е неправда што ме казнија која им докажам дека не сум виновен, вели тој.

Перу на Мундијалот во Русија ќе биде во групата Ц, заедно со Франција, Данска и Австралија.