среда, 20. ноември 2019. Вести денес: 181
home Фудбал

Несудениот Македонец Кулушевски е желба на Интер! (ФОТО)

Несудениот Македонец Кулушевски е желба на Интер! (ФОТО)

Италијанскиот гигант Интер уште во зимскиот трансфер рок ќе се обиде да се засили, а меѓу желбите на тренерот Антонио Конте е и несудениот Македонец Дејан Кулушевски.

Како што пренесуваат неколку италијански медиуми, покрај Кулушевски на листата желби се и двајца фудбалери на каталонскиот гигант Барселона, Иван Ракитиќ и Артуро Видал. Хрватот речиси и не добива никаква шанса од тренерот Ернесто Валверде, па затоа многу извесно е дека наското ќе го напушти „Камп Ноу“.

Меѓу останатите фудбалери за кои се очекува Интер сериозно да „загриза“ се и соиграчот на Кулушевски од редовите на Парма, Матео Дармијан, како и Родриго де Паул (Удинезе), Немања Матиќ (Манчестер Јунајтед), Оливие Жиру (Челси), Коаме (Џенова) и Андреа Петања (СПАЛ).

Идентично како и Ракитиќ, така и Матиќ и Жиру не се во плановите на своите менаџери, и истите побараа да ги напуштат своите клубови уште во јануарскиот трансфер рок.

 

View this post on Instagram

 

Which 3⃣ would be most ideal for Conte to bring to Inter ⁉⚫🔵

A post shared by Italian Football TV (IFTV) (@italianfootballtv) on