понеделник, 2. август 2021. Вести денес: 54
home Фудбал

Несудениот играч на Реал Мадрид ја заврши професионалната кариера

Несудениот играч на Реал Мадрид ја заврши професионалната кариера

Познатиот шпански фудбалер Борха Валеро ја заврши кариерата на 37-годишна возраст.

Претходната сезона Валеро ја помина во Фиорентина, а потоа одлучи дека токму тоа е неговата последна дестинација во професионалната кариера.

Во својата богата кариера, Валеро настапи и за репрезентацијата на Шпанија, ги помина помладите категории на Реал Мадрид, но не успеа да се избори за статус првотимец на Кралскиот клуб, иако неговиот талент беше неоспорен . Тој беше прогласен за најдобар млад играч на Шпанскиот шампионат.

Во Ла Лига, тој играше за Мајорка и Виљареал, стигна до Серија А во 2012 година, а следните пет години ги мина во Фиорентина, за потоа да се пресели во Интер, од каде се врати во Фиренца летото 2020 година.

Коронавирус