сабота, 15. мај 2021. Вести денес: 64
home Фудбал

Несторовски се повреди, го очекува повеќенеделна пауза

Несторовски се повреди, го очекува повеќенеделна пауза

Капитенот на Палермо, Илија Несторовски не го заврши натпреварот на неговиот клуб синоќа на гостински терен против Цитадела.

Македонскиот фудбалер одигра само половина час и ја напушти средбата поради повреда.

Несторовски го повреди бутниот мускул на десната нога. Според првичните прогнози голгетерот го очекува повеќенеделна пауза, а точно колку ќе се знае по деталните медицински прегледи.

Палермо по нерешените 0:0 со Цитадела ја загуби втората позиција на табелата во Серија Б која обезбедува директен пласман во елитната Серија А.

Коронавирус