понеделник, 16. декември 2019. Вести денес: 11
home Фудбал

Несторовски промовиран во Удинезе: Направив правилен избор во мојата кариера!

Несторовски промовиран во Удинезе: Направив правилен избор во мојата кариера!

Македонскиот репрезентативен голгетер, Илија Несторовски денеска беше промовиран како нов фудбалер на калчолигашот Удинезе.

На својата прва прес-конференција, тој го изрази задоволството од новата клупска средина.

„Сакам да се заблагодарам на клубот за нивната верба и се надевам дека мојот ангажман ќе го оправдам со голови. Се надевам дека ќе го дадам максимумот за новиот клуб. Останав во Палермо две години сакајќи да помогнам на тимот да се врати во Серија А. Но, при првата понуда која стигна, а беше од Удинезе, воопшто не размисував и верувам дека тоа е добар избор во мојата кариера“, истакна Несторовски.