среда, 20. јануари 2021. Вести денес: 47
home Фудбал

Нешто е чудно околу смртта на Астори, воена полиција врши распит во клубот

Воената полиција и Карабињерите го распрашувале голманот Марко Спортиело, кој бил последен од фудбалерите кои биле во контакт со Астори. Дополнителен разговор бил направен и со претставниците на клубот и со лекарската екипа на клубот.
Нешто е чудно околу смртта на Астори, воена полиција врши распит во клубот

Триесет и едногодишниот Давиде Астори беше пронајден мртов во хотелската соба во Удине.

Клубот од Фиренца во шок и со неизмерна тага пренесе дека нивниот капитен за жал не се разбудил од сонот откако завчера си легнал без никаков проблем.

Во саботата вечерта играл  Плејстешн и после 23 часот легнал да спие и веќе не се разбудил.

Воената полиција и Карабињерите го распрашувале голманот Марко Спортиело, кој бил последен од фудбалерите кои биле во контакт со Астори. Дополнителен разговор бил направен и со претставниците на клубот и со лекарската екипа на клубот.

Астори кој беше капитен на Фиорентина им се приклучи на „виолетовите“ во 2016 година, а претходно ги носеше и дресовите на Рома и Милан.

Имаше 14 настапи за најсилната италијанска репрезентација како централен дефанзивец.

Коронавирус